Како Куманово помогнало на страданите од земјотресот во Скопје од 1963?

Сподели со своите пријатели

Куманово прво им пружило помош на настраданите во Скопје по земјотресот од 1963 година. Иако не се знаело точно колку скопјани привремено биле засолнети во Куманово, се смета дека бројката изнесувала околу 20.000 лица.

Loading...

Куманово станал центар не само за преживеаните од земјотресот, туку и на сите кои во тоа време се нашле на патиштата кои воделе кон главниот град. Сите хотели биле преполни.

Покрив над глава и постела била најголема радост за оние што се нашле надвор од своите домови.

Голем број странски туристи нашле гостопримство во Куманово.

Кумановци евакуираните од Скопје ги примиле срдечно. Ги нахраниле, им помогнале да се исчистат и што е најважно, ги окуражиле по претрпениот страв од несреќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Скоро секое семејство примило по неколку евакуирани. Ги примиле како свои блиски роднини. Со тоа покажале дека се солидарни со нив и дека длабоко сочувствуваат во нивната голема трагедија.

Животот во градот течел нормално, снабдувањето било добро. Биле преземени мерки да не се дозволи покачување на цените на производите, што ги продавале индивидуалните производители.

Поштата во Куманово било собиралиште на над 100 домашни и странски новинари, кои известувале за несреќата во Скопје.

Loading...

Управата на поштата сите свои простории ги ставила на располагање на странките. Секој ден се примале по 2.000 телеграми.

Од сите краишта на земјата пристигнувале телеграмите во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

Бидејќи градот немал врска со Македонија, заради тоа што истата одела преку Скопје, сета пошта се пренесувала со специјални возила до Штип, Титов Велес, Врање и други места, а од тука се доставувала до сите делови од државата.

Извор: „Наш весник“ бр. 43 (01.08.1963 година) Фото: Википедија