Како резултат на глобалното загревање, научнциите веруваат дека би можеле да еволуираме со некои прилично необични карактеристики.
Експертите се зафатени со обидувањето да предвидат како ќе изгледа човековата раса во некоја далечна иднина. Тие подготвиле неколку сценарија: како би изгледале ако дојде до ново ледено доба, ако глобалното загревање продолжи и ако започнеме колонизација на некоја друга планета.
Доктор Метју Скинер, палеантрополог на Универзитетот Кент, работел во соработка со уметникот по име Квентин Дивајн за да му помогне да визуализираат како луѓето ќе изгледаат во иднина.
Доколку глобалното затоплување се полоши и земјината маса се намали, др. Скинер верува дека веројатно ќе развиеме пловна кожичка на нозете и ќе имаме проѕирни очни капаци за да ни помогнат да гледаме под вода. Исто така, би можеле да развиеме шкрги за да можеме и да дишеме под вода.
Во сценариото со леденото доба, др. Скинер смета дека нашата кожа би станала неверојатно бледа поради недостатокот на витаминот Д поради намалената сончева светлина. Би можеле да бидеме прекриени со влакна и да развиеме сериозни мускули. Нашите носеви и лица стануваат поголеми како одговор на постудениот воздух и ние би можеле да станеме генерално посилни.
Доколку научната фантастика сепак стане реалност би можеле да развиеме и кратки нозе поради ниската гравитација.
Без оглед во какво сценарио ќе се најдеме во иднина, дали тоа ќе биде воден свет или ледено доба или дали ќе колонизираме друга планета, човековата раса ќе настојува да избегне изумирање. На крајот на краиштата, тоа е борбата за опстанок – вели др. Скинер.