Затвореник од САД кој поминал вкупно 44 години во затвор откако на 25 – годишна возраст се обидел на убие полицаец, по неговото излегување од затвор, во емисија за Ал Џезира зборува за тоа како се променил светот оттогаш до денес.
Гледајќи ги светлечките реклами закачени насекаде низ градот, Отис Џонсон, затвореникот кој поминал 44 години во затворен простор, вели дека кога тој бил млад, на прозорите имало луѓе.
Тоа што најмногу го зачудува е мобилниот апарат но и слушалките, што му прави да мисли дека луѓето си зборат сами со себе, но и цената на еден повик од статичните телефонски апарати, коментирајќи дека пред 44 години, повикот чинел 25 центи.
Погледенте ја сторијата на Отис и само размислете дали една лудост во животот вреди колку и 44 години поминати зад решетки.