Како да се справите со менструалната болка

Сподели со своите пријатели

Сите жени страдаат од болки во стомакот и тоа најмногу во еден одреден период од месецот. Тешко да има дама која не била жртва на  мускулни грчеви за време на менструацијата. Наместо да земате лекови за толерирање на болката сепак, подобро е да одберете целосно природни лекови, со кои ќе се борите против неа. По природен пристап секогаш е попосакуван пред лековите од аптеката.

Еве и неколку начини со чија помош може да се борите против болката во стомакот:

Loading...

1. Подгответе си топла бања или туш. Топлината ќе помогне протокот на крв да стигне до карличната област и на тој начин мускулите ќе успеат да се опуштат. Резултатот – значително намалување на мускулните грчеви и силната болка за време на менструацијата.

2. Користете електрична перница. Бидејќи нема како да стоите под туш или во када по цел ден, искористете ја ублажувачката акција на електричната перница. Со нејзина помош ќе обезбедите постојано олеснување на фалопиевите мускули.

3. Вежбајте. Познато е дека кога човек тренира, неговото тело ги лачи хормоните на среќата – ендорфин. Тие имаат моќ значително да ги намалат стомачните болки за време на менструацијата. Вежбите можат да се борат против актуелните болки, но и имаат можност да го намалат интензитетот на грчевите. Може да се обидете да ги потенцирале тренинзите околу една недела пред вашиот циклус за подобри резултати. Докажано е дека жените кои вежбаат редовно, страдаат од полесни мускулни болки.

4. Пијте чај од ѓумбир и цимет.Земањето на секоја топла течност може да намали дел од менструалната болка, но тајната тука е друга. Ѓумбирот има долга историја како ефективно средство за борба против болката, а за циметот се смета дека има антиинфламаторно дејство. Затоа и двата вида чаеви се соодветни за намалување на грчеви во матката .

5. Практикувајте јога. Според неодамнешна студија одреден вид јога, имено Јога Нидра, може да ги ублажи менструалните болки и дури да помогне со други проблеми во овој период од месецот како обилно течење, на пример. Јогата Нидра се фокусира на длабоката релаксација и вклучува медитација. Добрите резултати се должат на фактот дека длабоката релаксација се поврзува со намалување на хормоните кои имаат клучна улога при менструацијата.