Како да му го продолжите животниот век на вашиот смартфон?

Сподели со своите пријатели

Со овие три едноставни правила вашиот мобилен уред ќе трае подолго.

И Северна Кореја има свој Холивуд (видео)

Loading...

Вашиот уред нема да претрпи штета ако остане вклучен на полначот

Многу кориснции тврдат дека достигнувањето на полн капацитет на поединечни батерии е штетно, што е вистина, но само доколку имате батерии стари повеќе од шест години. Вашиот уред, односно неговата батерија функционира по принципот на бројот на полнења, што значи дека без страв можете да го оставите приклучен на полнач во текот на ноќта.

Избегнувајте прегрејување

Кога се работи за опасности поврзани од преносливите уреди, не постои поголема од прегрејувањето (и конкурираат само гравитација и вода). Држете го својот смартфон што подалеку од сонце и извор на топлина. Зголемената температура го забрзува празнењето на батеријата и во поединечни случаи може да доведе до оштетување на самиот смартфон.

Семафори за луѓе зависни од смартфони (фото)

Користете заштитна маска

Оваа правило е едно од основните принципи за зачувување на вашиот уред. Размислете: ако за смартфон или таблет сте дале стотина евра, неколку дополнителни стотина денари нема да бидат проблем, со оглед на тоа дека максите чинат помалку од замена на напукнат екран. Овој совет ќе ви дојде при памет секогаш кога телефонот ќе ви летне на плочки или ќе ви испадне од џеб додека возите велосипед.