Сакате да ослабете и да го стегнете телото колку е можно побрзо? Немате трпение, не сакате да поминат недели, дури и месеци со ред, додека не го почувствувате крајниот резултат.
Затоа го преуморувате организмот и го терате телото да паѓа во крајна исцрпеност за време на тренингот.
9 начини со кои ќе го намалите диоптерот
Со оваа тактика може да нанесете голема штета на телото, мускулите, зглобовите и тетивите, како и на работата на органите и системите. Што можете да направите ако сте претерале со вежбањето и вежбите?
Стави повеќе мраз
Држете мраз на заболеното место колку што можете повеќе. Гледајте да издржите барем 20 минути. Мразот неслучајно е познато средство за намалување на болката .
Тој има смирувачки и опоен ефект при отоци, модринки и болки во мускулите. Никогаш не ставајте загревачки компресии во такви случаи, контраиндикаторно е.
Како да се справите со подуениот стомак?
Тие го зголемуваат воспалението за разлика од мразот кој сте го ставиле.
Пијте свеж сок од цреши
Црешовиот сок има ексклузивно својство да го инхибира воспалението по премногу интензивен тренинг. Многу професионални спортисти пијат сок од цреши по повредата.
Корисни и уникатни трикови со лимон, кои секој треба да ги знае
Воспалителните својства на црешовиот сок се завидни. Пијте го 2 пати на ден, особено при повторувачки болки и повреди.
Не престанувајте да тренирате
Многу луѓе прават грешка со престанување да тренираат, ако се појават болки во мускулите и замор. Кога има сериозна повреда не е добро тоа да го правите, туку треба да се консултирате со лекар.
Ако се појавиле само болки и силна исцрпеност од напнатиот тренинг, не прекинувајте со вежбите на следниот ден, бидејќи тоа ќе го опушти мускулниот тонус и дури може да предизвика силни болки во подоцнежна фаза.
Причини да конзумираме кромид секој ден
Дали белиот шеќер е навистина толку штетен?
Важно е да се намали интензитетот на следните вежби, за да избегнете повреди. Но е од значење да не престанете со вежбите, бидејќи активноста ќе помогне да ја зголемите циркулацијата.
Тоа од своја страна ќе ги забрза оздравителни процеси во мускулите и тетивите, бидејќи ќе ги наполни со доволно кислород и хранливи материи.