Како да дознаете дали некој ве лаже?

Сподели со своите пријатели

Секој понекогаш лаже, но многумина за себе велат дека се вешти во лажењето. Како да знаеме кога некој не ја кажува вистината? Германскиот експерт Бенедикт Алфелд објаснува како да го протолкувате говорот на телото и да препоснаете лага.

Она на што особено треба да обрнете внимание се знаците на нервоза, стрес, страв и напнатост, одбранбен став и непријатности. Нив ќе ги препознаете по гестикулацијата, мимиките и држењето на телото на лицето со кое разговарате.

  1. Соговорникот ги добира деловите од телото

Кога лажат некои луѓе се склони да се допираат по носот, да преминуваат со рака преку челото, да се играат со прамените од косата, да ги пукаат прстите, да ја покриваат устата со дланка и слично. Потребата за допирање на делови од телото се јавува како последица од екстремна вознемиреност и напнатост.

2. Пелтечење и погрешно нагласување на зборовите

Понекогаш лажгото можете да го препознает еи по тоа што не е во состојба да состави реченица како треба, пелтечи и погрешно ги нагласува зборовите. Гласот му е повисок и побрзо зобурва. Експетот предупредува дека на овој начин е потешко да се препознае личност кој лаже, затоа што некои луѓе се раѓаат со ваква говорна мана или побрзо зборуваат од просечниот човек. Затоа оваа техника за откривање на лагата е примелива само кај лицата кои веќе подолго ги позавате и знаете како обично зборуваат.

3. Движење на очите

Свртувањето на погелдот настрана, често трепкање, гледање лево-десно, проширени зеници и збегнување на директен контакт со очите исто так аможе да бидат знаци дека соговорникот не ја кажува вистината.

4. Држење на телото

Дури и кога некој е многу вешт во прикривањето на лагите со контролирање на мимиката, телото обично наговестува лага – личноста не може мирно да стои, и се тресат рацете, ги влече нозете по земја итн. И положбата на дланките укажува на лажговци. Ако видите дланки на соговорникот, најверојатно ја кажува вистината. И прекрстувањето на рацете на градит еможе да биде одбранбен став, но можеби на вашиот соговорник му е удобно во таа положба. Понекогаш истата положба укажува на набљудувачки став. Потењето, длабокото дишење и бледилото исто така може да укажат дека некој ве лаже

Постојат и други, помалку сигурни знаци, како што се лажна насмевка, насобирање на кожата меѓу веѓите, грицкање на усните, движења на Адамовото јаболко, успорени говори, тресење на ноздрите и сл.