Како биле вакцинирани 95% од жителите на Куманово при пандемијата во 1972 година?

Сподели со своите пријатели

Појава на големи сипаници во Косово во 1972 година внела вознемиреност и во Куманово. Согледувајќи ја сериозноста на проблемот, Советот за народно здравје веднаш свикал состанок и ги ставил во мобилна состојба сите здравствени работници од Медицинскиот центар.

Loading...

Штабот за борба против карантински болести исто така свикал седница на која разгледувајќи ја ситуацијата веднаш презел итни мерки за спречување на евентуална појава на големи сипаници на подрачјето на Куманово.

Медицинскиот центар веднаш пристапил кон формирање екипи за целосна вакцинација на населението, најпрвин во градот, а потоа и во селата.

Во најголемиот ек на акцијата, неколку дена работеле на терен и по 40 екипи. Работните организации на располагање на центарот му оставале од 10 до 15 возила дневно потребни за превоз на екипите за вакцинирање. За време на вакцинирањето сите приодни патишта биле контролирани од посебни екипи лекари, санитарни инспектори и милиционери. На лицата што не биле вакцинирани не им се дозволувал пристап во градот, а невакцинираните не биле пуштани да излезат од него.

Неколку дена по првата вакцинација, започнала ревакцинацијата. Се вовеле и потврди за успешна ревакцинација без кои граѓаните не се пуштале во јавните установи и работните организации во градот.

 

 

Loading...

Казни за невакцинираните

Граѓаните што не се вакцинирале, како и оние што не се јавиле на чирање на резултатите, биле земени на законска одговорност. Посебни екипи лекари и санитарни инспектори и милиционери ги обиколувале сите домови во градот и пронашле 142 недисциплинирани граѓани против кои биле поднесени пријави до судијата за прекршоци.

Опасноста од појава на големи сипаници сѐ уште не била отстранета од стопанството. Секој новопријавен случај бил предупредување, иако 90 отсто од населението на Југославија било вакцинирано успешно.

Според извештајот на Штабот за борба против карантински болести, на подрачјето на Општина Куманово биле преземени сите можни мерки за спречување на евентуална појава на заболувања од големи сипаници.

Целокупното население на општината било вакцинирано со исклучок на контраиндицирани случаи, кои според упатството за изведување на вакцинацијата не смееле да примат вакцина.

Со првата вакцинација тогаш биле опфатени 104.625 жители на Куманово. Ако се земе предвид бројот на контраиндицирани случаи, деца до тримесечна возраст, како и оние кај кои вакцинацијата течела перманентно по редовен пат, тогаш излегувало дека 95 отсто од населението веќе го стекнало потребниот имунитет против големи сипаници.

Акцијата за целосно опфаќање со вакцинација на населението непосредно по почетокот, извесно време доживеала мала криза.

 

Loading...

 

И тогаш имало сертификати за вакцинација

Во пунктовите не се јавиле голем број граѓани. Меѓутоа бргу било најдено решение. Биле оформени уверенија за успешна вакцинација без кои бил забранет влез во јавни установи и работни организации и друг тип институции во општината. Тоа придонело во еден ден во текот на акцијата да се пријават и да побараат потврди десетина илјади граѓани.

Една од мерките била и формирање екипи од лекари, медицински сестри и милиционери, кои ги обиколувале сите сеејства во градот и вршеле проверка пронаоѓајќи лица кои воопшто не се вакцинирале или ревакцинирале.

Биле пронајдени 142 такви лица. Против нив била поднесена пријава до судија за прекршоци од каде биле изречени казни согласно Законот за сузбивање на карантински болести.

Санитарната инспекција успешно се вклучила уште на почетокот на акцијата. Нивната задача се состоела во секодјевна обиколка на пунктовите за вакцинација и проврека на хигиенско-техничките услови за успешно спроведување на имунизацијата.

 

Loading...

 

Се контролирал влезот и излезот од Куманово

Мошне голем придонес во спроведувањето на акцијата за вакцинација дале органите на Одделението за внатрешни работи.

На трите главни сообраќајни петли на приодите на градот деноноќно дежурале екипи за проверка на вакцината на патниците што доаѓале или го напуштале градот. На Железничката станица Табановце се задржувале за контролирање и возовите кои обично никогаш не биле запирани.

На самиот влез на Куманово била поставена контрола. Секое возило, товарно или патничко, било сопирано и сите патници биле прегледувани. Без оглед во кој правец се движело возилото на влезот на градот морало да застане на знакот на сообраќаецот.

Loading...

Сите патници послушно и голема доза на сериозност ги покажувале потврдите издадени за успешна вакцинација. Уредно вакцинираните патници го продолжувале патот, а невакцинираните со специјално возило на „Југ-турист“ биле враќани во местата од каде дошле или носени на вакцинација.

Во почетокот на епидемијата случаите со невакцинираните лица биле многу чести, поради тоа што тогаш не била издадена наредба за целосна вакцинација. Сите патници што пристигнале до тој „филтер“ на полицијата биле носени на вакцинација или враќани назад.

 

 

Loading...

Кој требал, а кој не требал да се вакцинира?

На задолжителната имунизација против големи сипаници подлежеле децата од наполнета тримесечна возраст, додека претходно вакцинацијата важела за деца од десетмесечна возраст до три години.

На задолжителната имунизација подлежеле лица што не биле имунизирани пред повеќе од една година. бременоста била контрадикторна и за бремените се водела посебна евиденција.

Лицата што имале потврда за имунизација, а не можела да се докаже нивната успешност требало да се вакцинираат задолжително.

Лицата што прележале вариола не биле подложни на вакцинацијата.

Loading...

Задолжителната вакцинација важела и за примарно невакцинирани деца и младинци. Како примарно невакцинирани според уптатството се сметале деца и младинци од наполнети три до 20 години, а немале белег од претходно успешно извршена вакцинација.

Извор: „Наш весник“