Каде ќе се плива по светиот крст за Водици во Куманово?

Сподели со своите пријатели

На повеќе локации во Куманово и Старо Нагоричане во петок православните верници ќе пливаат по светиот крст за празникот Водици.

Loading...

Централната манифестација ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Никола“ каде верниците можат да се пријават за учество на настанот.

Од 8 часот ќе се одржи литургија на која е пожелно да присуствуваат верниците, а два часа подоцна се очекува да биде осветена водата во црковниот базен и да се фрли крстот.

Паралелно во исто време чинот на пливање по светиот крст ќе се одржи и во црквата Света Троица.

Со почеток во 9 часот по крстот ќе се плива и во комплексот Александрија во село Тромеѓа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Точно на пладне по крстот ќе се плива и во базенот на бар Асториа, од каде најавуваат дека веќе се пријавени голем број верници, но и приватни компании кои ќе донираат за настанот.

По светиот крст ќе пливаат и верниците во Општина Старо Нагоричане. Во 11 часот крстот ќе биде осветен во водите на реката Пчиња кај бањата во село Стрновац. Организатори на манифестацијата се Општина Старо Нагоричане и црковниот одбор на селото.

Никола Ивановски

Loading...