Мотив за да ја напишам оваа колумна е да им се помогне на ракометарките и да се актуелизира и овој спорт во Куманово.
Проблемот е што не се дава доволна помош на нашите ракометарки, освен поддршка од трибините, на ракометарките верувам дека им фали и финансиска поддршка. Но за да бидеме сигурни како стојат работите во ЖРК Куманово, успеав да извлечам кратка изјава од нашата најистакната ракометарка Викторија Пеовска.
Изјавата ви ја пренесувам во целост:
Пред да започне сезоната се припремаме два пати дневно, секој ден, а кога сезоната ќе започне тренинзите остануваат секојдневни, но по еден тренинг на ден со цел да не сме исцрпени за натпреварите. Тоа што му фали на клубот се финансии со кои би можеле да се здобиеме со подобри услови за тренирање и натпреварување. Клубот нема финансии да ни ги обезбеди потребните масажери и доктори, ако сакаме таков вид на третмани треба приватно да плаќаме. Скромните финансии едвај стигаат да се обезбеди и основната опрема. Во такви услови нормално нема простор ниту да се размислува за платите. Но ние сме оптимисти и се надеваме дека работите во иднина ќе бидат подобри – вели Пеовска.