Јужна Кореја обезбеди 130 милиони долари помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја денеска потпиша договор со Украина, со кој се обезбедува пакет финансиска помош од 130 милиони долари за оваа земја разурната од војна.

Loading...

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во вторникот како специјален претседателски пратеник се сретна со претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, соопштија од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека министерот Чу Кјунг-хо и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, кои присуствуваа на состаноците на делегацијата во Сеул, потпишале договор за пакет кој ќе се состои од донации за помош и заеми, пренесува Ројтерс.

Јужна Кореја, главен производител на артилериски гранати, претходно соопшти дека не испратила оружје во Украина, повикувајќи се на нејзиниот однос со Русија.

Јун, сепак, во интервју за Ројтерс минатиот месец рече дека владата на Јужна Кореја можеби нема да инсистира само на хуманитарна или финансиска поддршка за Киев доколку цивилите во Украина бидат изложени на големи напади или поради „ситуација што меѓународната заедница не може толерира“, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.