Јужна Кореја и САД следната недела за Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол следната недела ќе престојува во Вашингтон, каде што со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за заеднички одговор на ракетната програма на Северна Кореја и зајакнување на соработката во областа на производството на компјутерски чипови и батерии, соопштено е денеска во Сеул.

Loading...

Јун ќе престојува во САД од 24 до 29 април, а неговата посета ќе ја одбележи 70-годишнината од сојузот меѓу Сеул и Вашингтон.

Јун ја презеде претседателската функција во мај минатата година.

Северна Кореја го засили развојот на интерконтинентално балистичко оружје, повикувајќи се на плановите на Сеул и Вашингтон за „промена на режимот“ во Пјонгјанг.

Се очекува Бајден и Јун да разговараат и за помошта за Украина, пренесува Ројтерс.

Јужна Кореја е значаен производител на артилериска муниција, но се обидува да ја избегне огорченоста на Русија поради економски причини и влијанието на Москва врз Пјонгјанг, па одлучи да обезбеди само хуманитарна и финансиска помош за Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.