Јутубер пукаше во Ламборџини од хеликоптер. Сега му се заканува затворска казна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јутуберот Алекс Чои на својот канал објави видео во кое од хеликоптер пука огномет во Ламборџини, а сега е уапсен и се соочува со затворска казна.

Loading...

На снимката се гледа како хеликоптер лета блиску до земјата во округот Сан Бернардино и пука со огномет во луксузен автомобил, а Чои оттогаш ја отстрани снимката од својот канал на Јутјуб, но клиповите од видеото кружат на социјалните мрежи.

Во оригиналното видео, Чои, наводно, притиска копче за да испука проектил, а две жени во хеликоптер пукаат огномет на ламборџинито кое вози пребрзо.

Јутуберот, под вистинско име Сук Мин Чои, е обвинет за поставување експлозивна направа во хеликоптер.

Доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од 10 години, а се уште не се знае дали ќе бидат обвинети и останатите учесници во видеото.