Јапонскиот министер сака да спречи ново истекување на радиоактивна вода во Фукушима

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Кен Саито денеска го повика извршниот директор на Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк Нуклеарната централа Даичи, со која управува компанијата.

Loading...

Саито му рекол на Кобајакава дека сака „раководството да преземе чекори за да спречи повторување и да обезбеди безбедност“ откако околу 1,5 тони вода истекоа од комплексот, објави Кјодо.

Министерот рече дека инцидентот „предизвикал вознемиреност во Јапонија и во странство“, барајќи од ТЕПКО да ги истражи сите можни фактори кои довеле до човечка грешка и да инвестира во технологија која ја елиминира потребата за рачна работа.

Кобајакава се извини и најави дека ќе преземе одговорност и инвестирање во безбедносни мерки.

Претседателот на ТЕПКО рече дека повторно ќе ја провери опремата и процедурите кои брзо беа поставени по нуклеарната криза во 2011 година, додавајќи дека ќе размисли и за користење на понапредна технологија.

Околу 5.500 литри загадена радиоактивна вода истекоа во животната средина од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима на 7 февруари, но тоа не предизвика „забележливо“ зголемување на радиоактивноста во околината Нуклеарната централа Фукушима Даичи беше уништена од цунами и разор земјотрес во 2011 година.

Извлекувањето на стопеното гориво од оштетените реактори допрва треба да започне.

По одобрението од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јапонија почна многу постепено да испушта повеќе од 1,3 милиони кубни метри радиоактивна вода од нуклеарната централа во Тихиот Океан минатото лето, откако водата беше исчистена.

Loading...

Јапонија и МААЕ уверуваат дека овој процес, кој треба да трае до почетокот на 2050-тите, е безбеден за здравјето на луѓето и за морската средина.

Кина и Русија, сепак, изразија сериозна загриженост и го прекинаа целиот увоз на јапонски морски плодови, пренесува Танјуг.