Јапонски разурнувач влегол во кинеските води во близина на Тајван

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот поморски разурнувач „Сузуцуки“ влезе во кинеските територијални води во близина на Тајван претходно овој месец без да ја извести Кина, што го натера Пекинг да поднесе официјална жалба.

Loading...

„Сузуцуки“ на 4 јули заплови во кинеските води кај провинцијата Жеџијанг, каде Кина соопшти дека ќе спроведе поморски вежби, објави новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Сузукицки, задолжени за следење на кинеските ракетни вежби во Источното Кинеско Море северно од Тајван, влегле во водите без да ја извести Кина, објави телевизијата НТВ, повикувајќи се на свои извори во јапонското Министерство за одбрана.

Разурнувачот пловел на 22 километри од брегот на Жеџијанг околу 20 минути и покрај предупредувањата од кинеските бродови.

Јапонија објави дека станува збор за техничка грешка, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Лин Џијан, пренесува Танјуг.