Јапонската крајбрежна стража спасува екипаж од превртен товарен брод

Сподели со своите пријатели

Во тек се обидите за спасување на 22-те членови на екипажот на товарниот брод што во средата се преврте кај Нагасаки, во западна Јапонија, јавуваат медиумите.

Екипажот на бродот регистриран во Хонг Конг, кои се државјани на Кина и на Мјанмар, префрлен е на чамци за спасување, објави телевизијата ТБС, а бродовите на јапонската крајбрежна стража се упатија кон областа, а помош понудија и блиските бродови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремното време во летото 2025 година ја чинеше Европа 43 милијарди евра