Јана Бурческа блесна на црвениот килим во Киев, утре започнува Евровизија (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на утрешната прва полуфинална вечер на големото евровизиско шоу, вчера беше организирана свеченост на црвениот килим во Киев на кој продефилираа сите земји учеснички.

 

Loading...

Меѓу нив и претставничката на Република Македонија, Јана Бурческа која блесна со својата убавина и сексапил и веќе со денови е во центарот на вниманието на странските медиуми кои го следат ова музичко доживување.

 

 

По 62 пат утре започнува Евровизија, каде ќе настапат 18 држави: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија.

 

 

Македонија ќе настапи во втората полуфинална вечер заедно со Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

На втората полуфинална вечер право на глас ќе имаат публиката и жири комисијата од земјите учеснички на второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Укриана и Франција.

Ова е вторпат Украина да биде домаќин на изборот на песна на Евровизија, а според квалитетот на песната нашата Јана заслужува финале на голема врата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.