Израелските бомбардирања оставија 40 тони урнатини во Газа

Сподели со своите пријатели

Палестинското Министерство за јавни работи и домување објави дека уништувањето без преседан во Појасот Газа бара од сите релевантни страни да работат заедно за обнова на окупираната палестинска енклава и дека има околу 40 милиони тони урнатини во Газа кои треба да се расчистат.

Loading...

Министерот Ахед Бсеисо им кажа на претставниците на ОН, странските дипломати и работниците на невладините организации во Рамала дека неексплодираните убојни средства претставуваат голем предизвик во процесот на отстранување на остатоците, пренесува Ал Џезира.

„Постојат проценки дека 4.000-5.000 ракети погодиле згради (во Појасот Газа). Отстранувањето на урнатините бара меѓународна експертиза, средства и време“, изјави палестинскиот министер за самоуправа Ахед Бсеисо, пренесува Танјуг.

Тој потсети и дека телата на илјадници луѓе се уште се под урнатините, за што е потребна специјализирана операција.

Медиумското биро на палестинската управа проценува дека најмалку 10.000 луѓе се водат како исчезнати, а се претпоставува дека ги загубиле животите под урнатите згради.