Израелската војска соопшти дека убила уште пет наводни милитанти во голема операција на окупираниот Западен Брег во четвртокот рано наутро, вклучително и познат локален командант.
Гардијан објави дека нема палестинска потврда за смртта на Мохамед Џабер, познат како Абу Шуџа, командант на милитантната група Исламски џихад во бегалскиот камп Нур Шамс во предградието на градот Тулкарем.
Џабер стана херој за многу Палестинци на почетокот на оваа година кога беше објавено дека е убиен во израелска операција, само за да се појави изненадувачки на погребот на другите милитанти, каде што го носеа на рамениците на толпата.
Армијата соопшти дека тој бил убиен заедно со четворица други милитанти во престрелка со израелските сили рано во четвртокот, откако тие наводно се сокриле во џамија.
Во соопштението се вели дека Абу Шуџа е поврзан со бројни напади врз Израелци, вклучително и фатално пукање во јуни, и дека планира уште напади во иднина.
Армијата додаде дека во операцијата во Тулкарем е уапсен уште еден милитант, а полесно е ранет припадник на израелската паравоена гранична полиција.