Израелската војска во петокот нареди нови евакуации во јужниот и централниот дел на Појасот Газа, кои претходно беа означени како хуманитарна безбедна зона, велејќи дека Хамас ги користи овие области како база за да истрела минофрлачи и ракети врз Израел.
Текстуалните пораки и предупредувачките летоци биле испратени до областите северно од градот Кан Јунис и во источниот дел на градот Деир Ал-Балах, каде што десетици илјади луѓе побарале засолниште од борбите во други делови на Газа.
„Однапред е издадено предупредување до цивилите со цел да се ублажи штетата врз цивилното население и да се овозможи на цивилите да се оддалечат од борбената зона“, се вели во соопштението на армијата.
Војската претходно соопшти дека ја погодила областа во Кан Јунис од каде во четвртокот биле истрелани ракети врз заедницата Кисуфим и таму открила ракетно оружје и експлозиви.
Последните предупредувања за евакуација дојдоа додека преговарачите требаше да се сретнат во Доха на вториот ден од разговорите со цел да се постигне договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на израелските и странските заложници.
Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа постојано се раселени од почетокот на израелската офанзива во Газа, започната по нападот на Израел на 7 октомври, предводен од Хамас.
Оттогаш, според властите во Газа, се убиени повеќе од 40.000 илјади луѓе.