Израелците со дрон погодија автомобил и мотоцикл во Либан. Загина дете!

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа денеска во напад на израелско беспилотно летало врз јужен Либан, јавува државната новинска агенција ННА.

Loading...

ННА пишува дека во нападот има и повредени, меѓу кои и едно дете кое стоело на балконот од својот дом во моментот на нападот на патот меѓу Шакра и јужниот пограничен град Маис ал Џабал.

Нападнати биле автомобил и мотоцикл кои му се приближиле.

Засега не е познато дали се убиени членови на проиранското милитантно движење Хезболах.

Израелската армија се уште не го коментираше нападот.

Најлошата ескалација на насилството од 2006 година

По ракетниот напад врз друзскиот град Мајдал Шам во окупираната Голанска Висорамнина, во кој загинаа најмалку 12 лица во саботата, израелската влада најави одговор на нападот од Либан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студија: Бројот на загинати во Газа е потценет за 41%

Израел го обвинува Хезболах за нападот, но тие тврдат дека не се поврзани со инцидентот.

Либан и Израел разменуваат прекугранични оган од почетокот на израелската офанзива врз Газа.

Loading...

Постои загриженост дека овие спорадични конфликти би можеле да се претворат во отворена војна.

Цивилите беа убиени од двете страни, а десетици илјади жители беа евакуирани од двете страни на границата.

Тоа е најлошата ескалација на насилството меѓу двете земји од војната во 2006 година.