Израел: Продолжува воената акција против Исламскиот џихад

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц им нареди на вооружените сили на Израел да продолжат со офанзивните акции против палестинската екстремистичка група Исламски џихад во Појасот Газа, соопшти денеска кабинетот на министерот.

Loading...

Утринава Ганц одржал состанок со началникот на израелските вооружени сили Авив Кохави и други високи воени и безбедносни претставници на кој беше проценета моменталната состојба на теренот, пишува Тајмс оф Израел.

– Министерството за одбрана насочи офанзивни акции против припадниците на Исламскиот џихад, со акцент на операциите за спречување ракетни напади врз цели во Израел – се наведува во соопштението од кабинетот на Ганц и се наведува дека е издадена наредба за обезбедување помош за жителите на југот кои се изложени на ракетен оган од синоќешните напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МААЕ: Нема штета на иранските нуклеарни локации