Израел: Подготвени сме за копнена инвазија, го напаѓаме Хамас со сета сила

Сподели со своите пријатели

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви изјави дека израелските копнени сили се „многу добро подготвени“ за офанзивата на северот на Појасот Газа.

Loading...

„Сакаме да го сведеме Хамас до неговата точка на исчезнување. Нивните водачи, нивното воено крило. Затоа напаѓаме со сета сила. Ги убиваме нивните високи команданти, оперативци, ја уништуваме нивната инфраструктура и сето тоа го правиме со голема решителност“, рече Халеви, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека маневарот за офанзива на југ е добро подготвен.

Зборувајќи за очигледното одложување на копнената офанзива, Халеви рече дека постојат „тактички, оперативни и стратешки размислувања“ кои и даваат повеќе време на израелската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го претвори пејџерот во современ тројански коњ

Нашите сили ќе имаат повеќе време да се подготват подобро и тоа е она што го правиме сега“, рече Халеви.