Изложба на олдтајмери утре на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Изложба на олдтајмери утре ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

По втор пат десетици стари автомобили на колеционерите ќе бидат изложени пред граѓаните, откако настанот минатата година предизвика огромен интерес.

Организатор на манифестацијата е олдајмер клубот „Витези“ од Куманово, а во соработка со die-cast модели DIE-CAST CLUB KUMANOVO.

– Покрај олдтајмери нашите колеги ќе изложат колекција на минијатурни модели на автомобили во различен размер: 1/64, 1/43, 1/32, 1/24 и 1/18. Ќе имате можност да уживате во олдтајмери како и нивни реплики во соодветен размер. Ве покануваме на убава дружба, муабет, изнуда на насмевки и сеќавања како и да си поминете еден малку поинаков ден, изјави Стефан Трендафиловиќ, еден од организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Автомобилите на градскиот плоштад ќе започнат да пристигнуваат во 10 часот, а изложбата официјално ќе трае од 11 до 15 часот.

Никола Ивановски