Изложба на фотографиии од Дени Синадиновски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии (20) –  „Низ објективот на Дени“ од авторот Дени Синадиновски.

Loading...

Изложбата претставува симбиоза на два уметнички сегменти, чија што приказна започнува во 2012 година. Имено во споменатата година се формира Ансамблот “Македонија“, кој е репрезент на македонската традиционална култура. Уште од самото формирање Дени Синадиновски, етнокореолог, е дел од Ансамблот Македонија.

 

 

Првата концертна турнеа на Ансамблот, во Јапонија 2013 година беше појдовната точка за “објективот на Дени”. Во таа година Синадиновски го купува својот прв апарат и почнува да ги фотографира концертните активности на Ансамблот Македонија. Значаен е фактот дека Синадиновски е стручен кадар во доменот на традиционалната култура, додека пак фотографирањето е негово хоби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Се чини, тука е главната поента на фотографиите кој тој ги создава. Како познавач на традицијата, воедно и на сценските адаптации на Ансамблот “Македонија“, Синадиновски успева да ги фотографира клучните сегменти. Во неговите фотографии се забележани детали кои само вистински познавач на материалот може да ги забележи.

Во својата десетгодишна работа Ансамблот Македонија создаде низа различни типови на проекти. Од целовечерни концерти преку ревии на носии, телевизиски снимања до специфични сценско уметнички проекти.

Loading...

 

 

Широкиот дијапазон на активности овозможи и широк фотографски опус кај Дени Синадиновски. Фотографиите во оваа изложба се класифицирани во неколку категории. Прикажани се фотографии од првата концерта турнеа во Јапонија, 2013 година, како и концертни фотографии од годините кои следеа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Објективот на Синадиновски ја забележува и богатата соработка на Ансамблот Македонија со Бигорскиот манастир. Изложбата ги прикажува и бројните телевизиски гостувања на Асамблот Македонија како и неколку засебни фотосесии на традиционални носии.

Изложбата ќе биде поставена до 20.04.2022 година.

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметност