Изложба на дела од 30. Лесновска ликовна колонија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре со почеток во 13 часот ќе се отвори зложбата на дела од 30 –та „Лесновска ликовна колонија 2022“.

Loading...

Далечната 1992 година започнува  приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.

Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо,  со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз во веселата шума“ – новогодишна претстава на Театар Куманово

Проектот  ,,Meѓународна  Лесновска Ликовна колонија 2022“  е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година,  од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор  е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип.

На  ликовната колонијата „Лесново 2022“ учество зедоа 14 учесници од земјава и странство и тоа:

Дарко Заревски – Пробиштип

Ѓоко Антониев – Пробиштип

Loading...

Димитар Димитров – Битола

Новица Трајковски – Скопје

Александар Поповски – Битола

Христина Стојчевска – Крива Паланка

Владимир Темков – Кавадарци

Горан Боев – Кавадарци

Тони Чатлески – Прилеп

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Млад градежен работник од Куманово загина во Гевгелија

Соња Р. Јовановски – Свети Николе

Loading...

Васил Гаврилов – Велес

Бисер Лапев-Ќустендил, Република Бугарија

Десислава Лапева – Ќустендил, Република Бугарија

Наташа Радосавлевиќ – Белград, Република Србија