Избран сувенир на Општина Куманово за 2022 година

Сподели со своите пријатели

Комисијата за избор на сувенир на Општина Куманово традиционално ја избра креативната рачна изработка на Јелена Спасовски со мотив „Пафта – украс од женски колан”, за сувенир на 2022 година.

Loading...

На претходно објавениот конкурс учествуваа тројца автори со свои дела, кои понудија креативни решенија со мотиви од културно – историска ризница која е обележје на нашиот крај.

Градоначалникот на Општина Куманово го потпиша договорот со Јелена Спасовски, автор на избраниот сувенир кој ќе биде користен во промотивни цели на градот и прилагоден за масовна изработка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце