Избегнувајте спиење покрај вентилаторот

Сподели со своите пријатели

Поради жешкото време многумина не можат да живеат без клима или вентилатор, меѓутоа со уредите за разладување треба да бидете многу внимателни.

Loading...

Експертот за спиење Марк Редик открива дека спиењето со вклучен вентилатор е лошо за здравјето.

3 бесплатни начини вашиот вентилатор да го претворите во клима уред

Вентилаторот може да предизвика алергии, а лош е и за лицата кои боледуваат од астма.

– На некои луѓе вентилаторите им помагаат да заспијат и да останат разладени во текот на ноќта. Меѓутоа кај други предизвикуваат напади на астма и сушење на очите. Вентилаторите ја креваат прашината во собата која потоа влегува во вашите синуси. Ако сте подложни на алергии, астма или пелудна треска, вентилаторите можат да предизвикаат бројни проблеми, вели Марк Редик.

Јапонците измислиле вентилатор за пазуви

Loading...

Освен тоа, вентилаторот ја суши кожата па добро премачкајте се со лосион за тело.

– Втора работа е што многу луѓе спијат со делумно отворени очи, а ако во собата работи вентилаторот, воздухот ги суши па наутро може да се разбудите со иритација, вели Редик.

Освежете ја ноќта без клима уред (видео)

Наместо тоа, спијте во затемнета соба за да утринското сонце не ве огрее. Разладете се со туширањето со студена вода или ладни пијалаци и избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

Leave a Reply