3 бесплатни начини вашиот вентилатор да го претворите во клима уред

Сподели со своите пријатели

Просторијата во која престојувате може да биде многу попријатна за живот во летните денови со помош на три трикови за разладување.

Loading...

Ако сте мислеле дека само со помош на климата можете да се разладите, грешите.

Својот стан или куќа разладете ги само со помош на трикови со вентилаторот, а за тоа да не потрошите ниту денар.

Како да ја исчистите климата во три чекори? (ВИДЕО)

Ви пренесуваме три начини:

1. Со коцки мраз

Пред вентилаторот ставете широка чинија и наполнете ја со коцки мраз. Ако вентилаторот ќе дува во мразот, така низ просторијата ќе се шири разладен воздух. Тоа ќе потрае се додека не се растопи, а потоа само додадете нов.

Ставете коцка мраз на овие точки од телото и нема да имате потреба од клима

Loading...

2. Помага и замрзната вода

Слично како и со првиот пример, но наместо коцки мраз ставете пластични шишиња кои прехтодно сте ги наполниле со вода и заледиле. Овој начин е дури и подобар, затоа што се работи за големи парчиња мраз кои поспоро ќе се топат.

Не можете да спиете од топлото време? Трикови кои ќе ви помогнат да го решите проблемот!

3. Мразот замотајте го во пешкир

Кај овој начин на разладување на просторијата, можете да користите или коцки мраз или заледена вода во шишиња. Едно или другото замотајте ги во пешкир, прицврстете ги двата краја со штипкалка и закачете меѓу две столици. Сето тоа ставете го пред вентилаторот. Под пешкирот ставете сад во кој ќе капе растопениот мраз.

Leave a Reply