Смела одлука што можеби навидум делувала како спонтана романтична авантура, се претворила во кошмар за брачна двојка, која решила да побара спас на планините од карантинот воведен во Шпанија.
Завеани во снежна бура, тие едвај успеале да се спасат од премрзнување.
Дека работите никогаш да не изгледаат како на филм во реалниот живот, покажува 43-годишниот Перуанец и неговата 32-годишна Русинка кои решиле да бараат бегство од карантинот и коронавирусот во планината.
Пензионерка „креативно“ ја заобиколи забраната за излегување и го прошета кучето (ВИДЕО)
Како што можете да видите на снимките на Шпанската цивилна гарда, несреќната брачна двојка не се сместила во удобна дневна кабина со камин, туку самите морале да се снаоѓаат и од собраните гранки да направат некакво засолниште, бидејќи, за жал, бегството се совпаднало со силниот снег.
После две ноќи во импровизирано засолниште во ледени услови, жената почнала да чувствува вртоглавица и не можела да оди, а сопругот бил принуден да повика полиција.
Но, нивното мачење тука не завршило, 48 часа Цивилната гарда и шумската спасувачка служба се обидувале да ги пронајдат, да ги спасат и да ги вратат во Мадрид.
СВЕТОТ НАВИВА ЗА НИВ: Љубов во време на самоизолација (ВИДЕО)
На крајот, покрај тоа што биле премрзнати, биле казнети за кршење на карантинските правила воведени во Шпанија за време на епидемијата на коронавирус, што им забранува на сите жители да ги напуштат своите домови, освен да одат во продавница или аптека.