Италија размислува за продолжување на вонредната состојба до јануари

Сподели со своите пријатели

Италијанската Влада размислува за продолжување на вонредната состојба во услови на пандемија на коронавирус до 31 јануари, објавија „Ил Месагеро“ и „Кориере дела Сера“.

Loading...

Како што пренесуваат медиумите, сегашните мерки се очекува да бидат продолжени поради зголемениот број заразени со Ковид-19 на национално и глобално ниво.

Италија ја воведе шестмесечната национална вонредна состојба во јануари, а подоцна ја продолжи од јули до крајот на октомври.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте неодамна изјави дека земјата ќе се соочи со уште една блокада за да се ограничи пандемијата и дека владата ќе преземе други ограничувања.

Leave a Reply