Италија: ЕУ мора заедно да го заштити стратешкото производство

Сподели со своите пријатели

ЕУ мора да одговори на огромните американски субвенции за домашното производство со заедничка поддршка на конкурентноста и заштита на стратешкото производство, изјави италијанскиот министер за економија Џанкарло Џорџети.

Loading...

САД планираат даночни олеснувања за домашното производство на компоненти за производство на енергија од обновливи извори со антиинфлацискиот закон (ИРА), тежок 430 милијарди долари.

ЕУ стравува дека американските стимулации би можеле да ги доведат европските компании, како што се производителите на автомобили и зелената технологија, во нерамноправна положба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата рече дека ЕУ ќе ги прилагоди регулативите за државна помош и ќе им дозволи на владите да им помогнат на компаниите да се борат против негативните последици од американскиот закон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Италијанскиот министер смета дека европскиот одговор треба да се создаде на ниво на ЕУ, а не на земјите-членки.

„Сметаме дека мерките кои ја фаворизираат конкурентноста и го штитат стратешкото производство се позитивни, но во исто време сметаме дека мора да се преземат интервенции на европско ниво и дека тие мора да го зачуваат интегритетот на единствениот пазар“, додаде Џорџети.

„Ние сме за европски план на ИРА со цел да се намали инфлацијата“, ја сумираше Џорџети италијанската позиција.