Исламската држава се закани со одмазда кон САД

Сподели со своите пријатели

Исламската држава (ИД) потврди дека нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади е убиен во напад на американските сили во североисточна Сирија и најави одмазда за САД.

Loading...

Портпарол на ИД се осврна и на САД во аудио записот објавен од исламистичката агенција Амак.

Пентагон објави снимки од убиството на Багдади (ВИДЕО)

– Одмаздете се на нивната земја и нивните браќа неверници и отпадници, спроведете ја волјата на командантот од последната аудио порака и приближете се до Бога преку крвта на многубожците – рече портпаролот на ИД.

Багдади во пораката минатиот месец рече дека дејствијата на милитантите се спроведуваат на дневна основа и повика на ослободување на жени заробени во Сирија и Ирак поради наводни врски со ИД.

Поранешната жена на Багдади си ја отвори душата: Траеше само три месеци, не можев повеќе (ВИДЕО)

Тој исто така рече дека САД и нивните сојузници биле поразени во Ирак и Авганистан, како и дека Американците биле „вовлечени“ кон Мали и Нигер.

Багдади беше убиен со самоубиствен детонирачки елек додека бегаше во слеп тунел кога беше опкружен со елитни американски специјални сили во скривницата во сириската провинција Идлиб. Тој ги уби и своите три деца.

Loading...

Убиен и евентуалниот наследник на челото на Исламската држава

ИД го потврди и убиството на неговиот портпарол, Абу ал-Хасан ал-Мухадир.

Leave a Reply