28.10.2019 00:32

По Ал-Багдади убиена и десната рака на ИСИС


Курдската милиција во Сирија, Единицата за народна заштита, објави денес дека и портпаролот на лидерот на Исламската држава е убиен во заедничката акција на американските и курдските сили, во северна Сирија.

Наводно е убиен Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, за кој се тврди дека е десна рака на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади, пренесува Ројтерс.

loading...

Сириските демократски сили соопштија дека тие целиле во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, врз основа на разузнавачките податоци на СДФ и американската војска.

Командантот на СДФ, Мазлум Абди, рече дека станува збор за „продолжение на претходната операција“ во која беше убиен лидер на екстремистичката Исламска држава.

Абди портпаролот Мухаџир го нарече „десна рака“ на лидерот на Исламска држава.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments