Исчезнатата жена од Младо Нагоричане пронајдена мртва

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 18.00 часот, во с. Младо Нагоричане мала „Травујаци“ – Куманово, жител на с.Младо Нагоричане во неговата нива, забележал безживотно женско тело.

Loading...

По преземени мерки идентификувано е телото и утврдено е дека се работи за Љиљана С.(68) која на 10.06.2015 година била пријавена за исчезната.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на ЈО и екипа на МВР. По наредба на ЈО телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Се претпоставува дека причина за смрт е удар на гром.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.