Иран: Се согласуваме само на инспекции предвидени во нуклеарниот договор

Сподели со своите пријатели

Иран нема да дозволи инспекции надвор од она што е предвидено во нуклеарниот договор од 2015 година, рече шефот на иранската Организација за атомска енергија, додека САД се подготвуваат да одговорат на предлогот за оживување на нуклеарниот договор на Техеран со светските сили.

Loading...

„Ние сме посветени на инспекции според нуклеарниот договор кои се поврзани со нуклеарните ограничувања што ги прифативме во минатото. Ниту еден збор повеќе, ниту еден збор помалку“, рече Мухамед Аслами, шеф на иранската организација за атомска енергија, во видеото објавено од државните медиуми.

Висок американски функционер за Ројтерс во понеделникот изјави дека Иран се откажал од некои од неговите главни барања за обновување на договорот, вклучително и инсистирањето меѓународните инспектори да завршат некои истраги за иранската нуклеарна програма.

Ова направи договор да изгледа сè поверојатен, но се чини дека Еслами го изрази спротивниот став.

Тој рече дека истрагите треба да се завршат „пред денот на имплементацијата“ доколку оживее нуклеарниот договор од 2015 година, објави државната новинска агенција ИРНА.

Вашингтон има намера наскоро да одговори на нацрт-договорот на Европската унија за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, кој беше напуштен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека тој не ја ограничува доволно иранската нуклеарна програма.

Необјаснети траги од ураниум

Иран инсистира на тоа дека нуклеарниот договор може да се спаси само доколку Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се откаже од тврдењата за нуклеарната програма на Техеран.

Вашингтон и другите западни сили сметаат дека барањето на Техеран е надвор од опсегот на разговорите за обновување на договорот.

Loading...

Во јуни, одборот на гувернери на 35-члената нуклеарна надзорна организација на ОН со големо мнозинство усвои резолуција подготвена од САД, Франција, Велика Британија и Германија, во која се критикува Иран дека не ги објаснил трагите од ураниум пронајдени на три непријавени локации.

Еслами денеска ја повтори тезата на Иран дека изворот на тврдењата за необјаснетите траги од ураниум се протераните ирански дисиденти и најголемиот непријател на Иран Израел, пренесе ИРНА.

Како одговор на резолуцијата, Иран дополнително го прошири своето подземно збогатување ураниум со инсталирање поефикасни напредни центрифуги и отстранување на практично целата опрема за следење на МААЕ инсталирана според договорот од 2015 година.