Интензивно се работи на партерното уредување околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Интензивно се работи на партерното уредување на просторот околу реконструираната Спортска сала во Куманово, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Во моментов се изведуваат активности поврзани со изградба на потпорни ѕидови и поплочување на просторот околу објектот, со што постепено се заокружува еден од последните сегменти од реконструкцијата на спортскиот комплекс.

 

 

Паралелно со партерното уредување, во тек е и изградбата на системот за греење и вентилација во салата. Станува збор за значајна фаза од модернизацијата на објектот, која треба да овозможи современи услови за негово функционирање и одржување на спортски натпревари и други настани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 126.000 лица преминале преку Табановце викендов

 

 

Претходно беа реализирани и градежните активности за приклучување на Спортската сала на дистрибутивната гасоводна мрежа. Екипите на ЈП „Куманово-гас“ работеа на изградба на подземната инсталација за приклучување на објектот на природен гас, со што се создаваат услови за функционирање на новиот систем за греење.

 

 

Со завршувањето на партерното уредување, системот за греење и вентилација и приклучокот на природен гас, ќе биде заокружена уште една значајна фаза од модернизацијата на Спортската сала.

 

 

Како што посочува Димитриевски, со реализацијата на овие активности објектот постепено го добива својот конечен изглед, а Куманово добива современ, функционален и квалитетен спортски простор наменет за спортистите и граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум пронајден во двор во Куманово

 

Никола Ивановски