Во рок од пет дена, односно од 06 до 10 јули, од страна на Државниот пазарен инспекторат, на територија на Битола, Струмица, Охрид, Струмица, Гостивар и Тетово, извршени се вкупно 885 надзорни контроли, информира ДПИ во неделниот извештај за спроведени активности на терен.
Во споменатиот период, на ниво на ДПИ Одделение Куманово, издадени се два платни налози по Закон за трговски друштва во износ од 30.750,денари, издаден е еден платен налог во износ од 123.000 денари за правното лице и 30.750 денари за одговорното лице во правното лице по Закон за угостителската дејност.
Извршена е една постапка за порамнување по Закон за енергетика во износ од 350.550 денари, една постапка за порамнување по Закон за угостителска дејност во износ од 153.750 денари, една постапка за порамнување по Закон за заштита од пушењето во износ од 153.750 денари и издаден е еден платен налог во износ од 184.500,оо денари за правното лице и 123.000,оо денари по Закон за метрологија.
ДПИ Одделение Куманово издаде и еден платен налог во износ од 30.750 денари по Закон за трговија, две решенија за привремена забрана во траење од по 30 дена по Закон за угостителска дејност, едно решение за привремена забрана во траење од 10 десет дена по Закон за угостителска дејност и кај еден правен субјект, издадено е едно решение за привремена забрана во траење од 15 дена по Закон за заштита на пушењето.