Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени откако се запали автобус во градот Нашик во западната индиска држава Махараштра, соопштија полициски претставници.
„Повредени се повеќе од 30 лица, од кои двајца се во критична состојба“, изјави полициски функционер во Нашик, на околу 190 километри од Мумбај.
Изворот наведува дека истрагата за околностите на несреќата е во тек.
Автобусот се запалил откако удрил во цистерна со дизел, јавија локалните медиуми.
„Ужасната сум од трагедијата во Нашик. Моите мисли се со оние кои ги загубија своите најблиски во оваа трагедија“, напиша премиерот Нарендра Моди на Твитер, додавајќи дека семејствата на жртвите ќе добијат по 200.000 рупии (2.400 долари) и повредените по 50.000 рупии.
Моди додаде дека локалната администрација ја обезбедува сета потребна помош.