Индија, која има околу 1,3 милијарди жители, и Германија, со 80 милиони жители, денеска соопштија за речиси ист број на новоинфицирани со Ковид-19.
Loading...
Индија објави за 26.355 нови случаи на инфекција со вирусот, а Германија уште повеќе – 27.728.
Трет ден по ред, Индија има помалку од 30.000 новоинфицирани, а досега евидентирани се скоро 10 милиони потврдени случаи на коронавирусот и тие се втори во светот, по САД.
Во Индија, 360 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а 952 во Германија.
Германија од денеска воведува строга блокада со цел да се намали бројот на заразени лица.
Златко Шумковски