”ИМА ИДНИНА” со покана за интерактивна дебата на градски плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово, утре со почеток од 17 часот, интерактивна трибина со граѓаните ќе одржи Здружението “ИМА ИДНИНА” – Здружение на граѓани за унапредување на демократските и политичките процеси.

Loading...

Идејата на дебатата е да стимулира активност и проекти од областа на зајакнување на демократските процеси и капацитети, унапредување на човековите права и слободи, консолидирање на политичкиот систем, унапредување на безбедноста, борба против корупцијата, образованието, здравјето, социјалната заштита, економијата, екологијата како и други социјални сфери, чиј краен резултат ќе биде понуда на практични  решенија и политики за подобрување и развој на овие сфери, се` со цел да се понуди подобар живот на граѓаните на Република Македонија.

Се повикуваат граѓаните на град Куманово да земат учество во јавната интерактивна дебата.

Дебатата започнува во 17 часот пред фонтаната на Батко Ѓорѓија и ќе трае до 20 часот.