Артур Урсо од Бразил кон средината на минатата година се пофали со својот „харем“ од 11 жени.
Манекенот и инфлуенсер се ожени со девет жени на една церемонија, а неговиот неконвенционален начин на живот предизвика гнев во соседството и на крајот на денот, збунетост кај жените кои живеат со него.
View this post on Instagram
Имаше 11, а сега се шест.
Артур Урсо секојдневно објавува како изгледа неговиот живот во куќа со шест сопруги.
Минатата година мораше да се разведе од три жени кои повеќе не можеа да го издржат заедничкиот живот, а пред тоа две од нив го напуштија.
View this post on Instagram
Моментално е во брак со Лауна (27), Емили (21), Валикрија (24), Олинда (51), Демијан (23) и Аманда (28).
Артур планира да го прошири семејството и да има по едно дете за секоја од неговите шест сопруги.
View this post on Instagram
Како што кажа, не сака да ги вознемирува партнерките и да има лош изглед, па поради таа причина ќе ангажира сурогат мајка.
„Не сакам да налутам ниту една од моите сопруги и прво да се натпреваруваат за забременување. Затоа се договоривме да ангажираме сурогат мајка”, рекол Артур.
View this post on Instagram
Бразилецот, кој има десетгодишна ќерка од претходната врска, вели дека сега би сакал да добие син.
На почетокот половина од неговите сопруги не биле за деца, но на крајот, како што тврди, сите се согласиле.
Отворена е и опцијата за посвојување дете.
View this post on Instagram
„Мојот животен сон беше да имам 10 жени и со секоја од нив да имам дете. Се надевам дека желбата ќе ми се исполни”, заклучува Артур.
Како што пренесуваат медиумите, нивните соседи постојано упатувале жалби дека од нивниот дом „нон-стоп слушаат стенкање“.