Има 35 години и е девица! Наоѓањето партнер не ѝ оди од рака!

Сподели со своите пријатели

Индијката Сонали Чандра не сака интимни односи пред брак. Таа ги смета за свети и посебни, изјави за „Дејли стар“.

Loading...

Таа откри кога би била подготвена за ваков чин:

-Ќе бидам подготвена да водам љубов кога ќе го најдам „вистинскиот“. Барам господин кој е морален и етички, убав, амбициозен, свесен за здравјето и кој ќе се однесува како кралица со мене. Го сакам тоа што го има Пријанка Чопра со Ник Џонас.

 

 

Таа пораснала со строги родители. Немала право на социјален живот, ниту на односи со мажи:

– Мислам дека таквото растење имаше многу негативно влијание врз мојата способност да најдам партнер, бидејќи запознавањето е социјална вештина – изјави таа.

Loading...

Таа не сакала да се откаже, поради што се пријавила во реалното шоу „Пет момци неделно“, каде била сама со нив и ловела од надворешниот свет.

 

 

Но, и таму не се „прослави“, бидејќи сите се откажуваат откако ќе слушнат дека е невина. После тоа пробала уште девет, кои исто така не успеале.

– Откако станав ТВ ѕвезда, голем број мажи ме контактираа и понудија брак, но се плашам да не запознаам непознати луѓе – изјавила таа.

Сепак, таа му дала шанса на некој кој ѝ напишал убава порака.

– Овој човек е убав, амбициозен и малку постар од мене, па изненадена сум што се уште е сингл! Тој е неверојатно мирен, што е одличен баланс за мојата жива природа – рече таа и додава:

Loading...

 

 

– Се чувствувам како да го познавам одсекогаш и се чувствував удобно покрај него. Беше малку флертувачки, но целосно ги почитуваше моите граници со оглед на тоа дека сум девица. Не се ни обиде да ме бакне – објасни таа и додаде дека сѐ уште не знае што мисли за неа, но дека не може да престане да размислува за него и да ја очекува нивната следна средба.

Откако призна дека има 35 години и сѐ уште е девица, стана популарна.

На социјалната мрежа Инстаграм објави бројни интервјуа кои ги направила благодарение на споменатата тема.