Икони, електричен алат и полначи запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Икони, електричен алат и полначи биле запленети во текот на изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, при контрола на авробус кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија, на ГП Табановце во патни торби на еден од патниците биле пронајдени 28 парчиња употребуван електричен алат и полначи.

Во друг случчај бил спречен шверц на 250 парчиња икони.

– Македонски државјанин преку граничен премин Табановце се обидел во државата да криумчари дури 250 парчиња икони. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на автомобилот на различни места ги откри непријавените икони, стои во соопштението на Царинската управа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Диви трки на автопатот Куманово – Скопје, одземени возила и приведени возачи

Никола Ивановски