Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од 16 до 19 јули ќе биде домаќин на седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, кој и годинава ќе донесе богата програма со учество на ансамбли од шест држави.
На фестивалот ќе настапат фолклорни ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија, кои преку традиционални игри, песни и народни носии ќе ги претстават културните богатства на своите земји.
Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 16 јули во Куманово.
Фестивалските активности ќе продолжат на 17 јули во Скопје, а на 18 јули програмата ќе се одржи во Кратово.
Завршната фестивалска вечер ќе се одржи на 19 јули, повторно во Куманово.
Организатор на настанот е КУД „Панче Пешев“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Никола Ивановски

