Воз удри камион во БиХ, објавена е драматична снимка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчера, четврток, 3 септември, патнички воз удри камион од Босна и Херцеговина на премин во населбата Гдањск-Липце во Полска.

Снимките од надзорните камери го открија обемот на ужасниот судир, по што приколката на камионот беше целосно уништена, а патничкиот воз беше оштетен.

Драматични снимки објави Државната противпожарна служба на Гдањск, а тие го прикажуваат моментот кога возот удира во камионот што беше заробен на преминот.

Судирот е пријавен околу 12:30 часот. Во патничкиот воз, кој сообраќал на релација Гдиња – Зјелон Гура, имало околу 300 патници, пренесува Аваз.

По судирот, патниците го напуштиле возот сами и безбедно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН го менува изгледот на светската мапа? Еве како би можела да изгледа во иднина!

 

 

Екипите за итни случаи прегледале четири лица, возачот на камионот, кондуктерот и двајца патници. Возачот на камионот е однесен во болница.

Поради сериозниот инцидент, железничкиот сообраќај во областа на несреќата беше целосно прекинат, додека за патниците беше организиран алтернативен автобуски превоз до Чево.

Железницата го објави видеото како предупредување до возачите

Полските државни железници го објавија видеото како предупредување до сите возачи. Тие особено апелираа до учесниците во сообраќајот дека, доколку возилото се заглави меѓу спуштените рампи, никогаш не треба да чекаат да пристигне возот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два авиона на „Квантас“ речиси се судрија во Сиднеј, контролорите биле хронично уморни

Полските државни железници (Polsh Railway Lines SA) одлучија да го објават видеото од CCTV камерите како сериозно предупредување до сите возачи.

Тие апелираа до учесниците во сообраќајот дека, доколку се најдат во таква опасна по живот ситуација и останат заглавени меѓу спуштените рампи, никогаш не чекаат воз.

„Притиснете на гаста, пробијте ја рампата и веднаш напуштете го преминот“, рекоа од Полските железници.