Кривична за Канаѓанец, во Куманово без дозвола купил артефакт кој бил културно наследство

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од Канада доби кривична пријава од кумановската полиција под сомнение дека неовластено купил артефакт.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.С.(37) од Канада  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’’, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 28.08.2026, пријавениот противправно набавил и присвоил фрагмент од камен песочник, кој претставува културно наследство, со намера да го изнесе од државата без дозвола од надлежен орган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска овие делови од Куманово

Никола Ивановски