Ново странско засилување пристигнува во ростерот на Кошаркарскиот клуб Куманово. Станува збор за 34-годишниот српски интернационалец Мирко Ковач кој ќе игра на крилната позиција во тимот.
Кошаркарот висок 199 сантиметри зад себе има богата кошаркарска кариера. Има настапувано за Партизан и Црвена Ѕвезда, но и во АЗС Кошчалин, Апоел од Никозија, романските Крајова и Питешти, додека пак лани имаше договор и со гркиот Короивос.
Пред само 24 часа тимот на тренерот Игор Михајловски беше засилен со Србинот Немања Миљковиќ.