Хутите се согласија на привремено примирје, но само поради една причина…

Сподели со своите пријатели

Јеменските бунтовници Хути, кои тесно соработуваат со Иран, се согласија на привремен прекин на огнот за да им се овозможи на спасувачките бродови да стигнат до оштетениот танкер за сурова нафта „Сунион“ под грчко знаме во Црвеното Море.

Loading...

Таа бунтовничка група објави дека Хутите само одобруваат спасување на бродот.

„Неколку земји побараа од Ансарулах (Хути) привремено примирје за да им се дозволи на реморкерите и на спасувачките бродови да влезат во областа на инцидентот“, објави иранската мисија.

Портпаролот на јеменските Хути, Мохамед Абдулсалам, денеска изјави за Ројтерс дека нема привремено примирје, туку дека групата го одобрила спасувањето на Сунион само по апелот на неколку меѓународни групи.

„Неуспехот да се обезбеди помош и да се спречи излевањето на нафта во Црвеното Море произлегува од негрижата на одредени земји, а не од загриженоста за можноста да бидат цел“, додаде иранската мисија.

Сунион минатата недела беше цел на неколку проектили во близина на јеменскиот пристанишен град Ходеида, а по пожарот се чини дека од танкерот истекува нафта, изјави во вторникот портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Според него, трета страна се обидела да испрати два танкери за да помогне во спасувањето на Сунион, но Хутите се заканиле дека ќе ги нападнат.

Хутите претходно ја презедоа одговорноста за нападот на Сунион, а групата цели на бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година, во знак на солидарност со Палестинците кои се соочуваат со израелските напади во Појасот Газа.

Loading...