Хуманитарниот коридор од Мариупол од денеска е во функција

Сподели со своите пријатели

И покрај одложувањата и тешкотиите, хуманитарниот коридор од Мариупол, на југоистокот на Украина, од денеска ќе профункционира, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

Loading...

„Рутата ќе биде отворена за приватни автомобили. Петнаесет автобуси за евакуација веќе тргнаа од Запорожје за Мариупол“, рече Верешчук, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Момци, ве гледаме!“

 

Според вицепремиерот на Украина, вчера во Мангуш стигнале седум автобуси придружувани од делегација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Делегацијата на МКЦК планира да продолжи да се движи од Мангус до Мариупол заедно со автобуси, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

„Ако конвојот придружуван од МКЦК стигне до Мариупол, тоа ќе биде прв случај на организирана евакуација со автобус од бомбардираниот град“, рече Верешчук.

Loading...

 

ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Ров долг 14 метри, а во него цивилни жртви

 

Таа рече дека ќе продолжи евакуацијата на луѓето од Северодонецк, Попаснаја, Лисичанска, Рубизна и селото Нижни во Луганската област.